Search

Цетински на годишнината од смртта на Тоше Проески: Секоја година немилосрдно доаѓа тој ден

Поминаа дванаесет години од смртта на за многумина незаборавниот Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка на 16 октомври 2007 година, а неговиот близок пријател и колега, Тони Цетински преку социјалните мрежи се потсети на големата sвезда.

-Секоја година, тој ден доаѓа кај нас, тоа утро како нешто што не сакаме да го знаеме, слушаме или чувствуваме, но доаѓа немилосрдно и не потсетува колку сме кревки и како никогаш не знаеме што носи наредниот ден…Секогаш сакам да кажам и да повторам дека навистина беше посебен. Благодарение на тебе, твоето однесување, скромноста, постапки, сигурен сум дека ангелите се тука со нас во човечка форма. Ти беше еден од оние луѓе што ја обновува вербата во човештвото, во ангелите кои одат по земјата.

https://www.facebook.com/tonycetinskiofficial/posts/3117629514975920

 

Треба да знаете
Последни објави