Search

Целосно се реконструира улицата Јустинијан Први во Драчево

Град Скопје денес завршува со втора фаза на реконструкција на улицата Јустинијан Први во населено место Драчево, општина Кисела Вода и тоа од улица Малешевска до улица Славка Динкова. Минатата недела се заврши првата фаза од мостот на Маркова река до улица Малешевска со што оваа улица е реконструирана во вкупна површина од 7.000 м2 и должина од 1.000 метри.
Во Драчево Град Скопје продолжува со реализација на проектот за целосна реконструкција на улицата Славка Динкова која е поврзана со Јустинијан Први, и тоа во вкупна должина од 1.175 метри, а едновремено се врши за прв пат и изградба на атмосферска канализација.
Треба да знаете
Последни објави