Search

Царовска: Ѓорчев си стави крај на кариерата со тоа што не закажа комисија за покачување на платите на професорите

„Во овие неколку критични денови паѓаат маските и се гледа кој за што се залага, кој за евтина политика, а кој за системски решенија. Влатко Ѓорчев и ВМРО ДПМНЕ покажуваат една несериозност. Ако навистина има потреба да се закаже комисија и во законска процедура да се донесе закон, се со цел да се зголеми платата во високото образование, за што со години преговара синдикатот, а сега конечно се обезбедени средства, а некој политичар го кочи тоа, мислам дека си потпишува смртна казна на својата политичка кариера и е крајно несериозно од негова страна. Мислам дека професорите ги следат овие процеси и дека и тие ќе имаат што да кажат на 12-ти април”- одговори потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на прашањето зошто е заборавен законот за покачување на платите на професорите, иако Владата и синдикатот одамна се договорени и дека веќе се обезбедени пари.
Потоа таа истакна дека и овој закон, како и Законот за јавно обвинителство, се исклучително важни закони, но со оној за покачувањето на платите на професорите постои кочница наречена ВМРО ДПМНЕ.
„ Законите еден со друг не се исклучуваат и се во различни сфери. Секако дека едниот е во државен интерес и ние како држава мораме да испратиме силна политичка порака и сигнал кон Европа дека ни е важно до март да добиеме датум и дека сме ја завршиле домашната работа. Од друга страна подобрувањето на животниот стандард на професорите е исто така важно и приоритетно прашање и затоа и тука покажуваме дека на легален системски начин ќе го решиме покачувањето на платите, затоа што во државата 30 години нема воведено систем за плати во високото образование. Сега сме обезбедиле пари, но Влатко Ѓорчев не сака да закаже комисија. Потребата од носењето на законот по скратена постапка е изгласана во парламентот и сега треба да се закаже седница на комисија, која може да трае навистина кратко затоа што се менува само еден член во законот, и потоа тоа да помине на пленарна седница. Значи апсолутно станува збор за кочење од страна на ВМРО ДПМНЕ”- дообјасни Царовска.
Треба да знаете
Последни објави