Search

Хрватска за 24 часа евидентира 24 нови случаи на заразени со коронавирусот

Во Хрватска во изминатите 24 часа се евидентирани 24 нови случаи на заразени со коронавирусот. Вкупниот број на активни случаи сега изнесува 647 лица.

Ова го соопшти хрватскиот Национален штаб во борбата со пандемијата од коронавирусот.

Во истиот период починало едно лице, а од почетокот на епидемијата битката ја загубил 154, пренесе „Јутарњи лист“.

Хоспитализирани се 117 пациенти, од кои седум се приклучени на респираторна машина.

Од почетокот на епидемијата со коронавирус во таа земја се заразиле 5.318 лица, од кои 4.517 се излекувале.

До сега се тестирани вкупно 123.199 лица, а во последните 24 часа 1.133.

Треба да знаете
Последни објави