Search

Хотел во Канада нуди бесплатен престој за двојки кои ќе направат бебе

Хотелот „Зед” во Викторија, во канадската покраина Британска Колумбија излезе со несекојдневна, а поволна понуда.

Пакетот „Нунер” вклучува четиричасовен престој во хотелот, со бројни активности за двајца. Но, има и екстра понуда – бесплатен престој во хотелот ако девет месеци по првото пријавување, корисниците добијат бебе. Понудата ќе важи за следните 18 години.

Извршната директорка на хотелот, Менди Фармер, ја добила идејава кога нејзините деца биле мали и се борела да најде слободно време за својот сопруг и за себе, без децата.

– Мислам дека не можеме насила да убедиме некого да има дете, но ако сериозно размислувате за проширување на семејството, зошто да не се обидете? Ако успеете, ќе го славите зачнувањето на вашето бебе цели 18 години, вели Фармер.

Треба да знаете
Последни објави