Search

Хорнер: Ниту еднаш не сум слушнал Хамилтон да ја признае вештината на Ферстапен

Шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер, вели дека постои заемен респект помеѓу Макс Ферстапен и Шарл Леклер, бидејќи двајцата се тркале меѓу себе од детството, но посочува дека седумкратниот шампион Луис Хамилтон никогаш не ја признал вештината на Ферстапен по минатогодишното освојување на титулата по драматичната и контроверзна битка.

„Знаете има голема разлика, можеби поинаков респект со Шарл. Се тркаа во минатото и има доза на заемно почитување. Од друга страна, не сум слушнал ниту еднаш Луис Хамилтон да ги признае вештините на Макс. Мислам дека тоа е поради менталната предност која ја имаше Макс, кој успеа да влезе во главата на Луис. Бидејќи тој беше седумкратен шампион, а Макс беше младо момче кое ризикува и оди до максимум. Некои негови претекнувања лани беа неверојатни и мислам дека тоа го вознемири Луис. Во тие клучни моменти, тоа влијаеше повеќе на Луис отколку на Макс, бидејќи тој немаше што да загуби“, објаснува Хорнер на ток-шоуто на Џереми Кларксон.

Треба да знаете
Последни објави