Search

Хонг Конг ги одлага изборите поради коронавирусот

Лидерката на Хонг Конг Кари Лам објави дека ги одложува изборите кои требаше да се одржат на 6 септември, поради зголемената загриженост за пандемијата на коронавирус и информира дека изборите ќе се одржат на 5 септември 2021 година.

– Денеска ја објавувам најтешката одлука за последните седум месеци … да ги одложам изборите за Законодавниот совет, рече Лам.

– Епидемијата претставува сериозен ризик за Хонг Конг. Изборите се единствени, најголемите во Хонг Конг, рече Лам, додавајќи дека нивното одржување ќе претставува ризик за голем број луѓе.

Група од 22 пратеници издаде изјава во која ја обвинуваат администрацијата на Хонг Конг дека ја злоупотребила пандемијата како изговор за одложување на изборите.

Треба да знаете
Последни објави