Search

Холанѓаните извлекоа реми со Хрватска во последните секунди во меч со малку значење

Холандија и Хрватска одиграа интересен меч со повеќе пресврти за на крајот да се задоволат со 28:28 реми во последниот меч по групи за двете репрезентации на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Холанѓаните имаа подобро прво полувреме, предводени од голманот Тајс вон Леувен го добија со 15:13, меѓутоа Хрватска имаше повеќе од играта во второто полувреме и направија пресврт за 22:19 водство пред во последната минута да се влезе со предност на Холандија од еден гол.

Тин Лучин постигна фантастичен гол за водство на Хрватска, но Холанѓаните ја зедоа последната топка и Лук Стеинс имаше фантастичен трик пред голот на Хрватите за да донесе израмнување.

Треба да знаете
Последни објави