Search

Холандија даде дозвола за преговори со Северна Македонија, а ги блокира за Албанија

Xоландскиот парламент синоќа гласаше против отворањето на преговорите со ЕУ за Албанија, но ја отфрли истата резолуција што се однесува на Северна Македонија.

Парламентот во Холандија вчера гласаше за четири резолуции поврзани за проширувањето на ЕУ, но само таа против Албанија доби мнозинство гласови, вклучително и од владејачките партии, со 105 гласа од вкупно 150 пратеници во парламентот.

Резолуцијата бара да не се отворат преговорите со Тирана во 2019 година пред сè поради недоволен прогрес во делот на борбата против организираниот криминал и корупцијата. Холандската влада го дели ова мислење. Според нивниот министер за надворешни работи, Стеф Блок, отворањето пристапни преговори со Албанија е избрзана одлука.

Резолуцијата за Северна Македонија преку која неколку холандски пратеници бараа исто така да се блокираат преговори со нашата земја беше отфрлена од мнозинството во холандскиот парламент.

Ова претставува прв можен чекор кон одвојување на Северна Македонија и Албанија во Советот на ЕУ, доколку Холандија како земја членка на ЕУ побара од Советот да го усвои ваквиот пристап и при одлучувањето за пакетот Албанија-Македонија на 18 јуни во Луксембург, или на следниот состанок кон крајот на јули во Брисел.

Треба да знаете
Последни објави