Search

Хелен Мирен им пркоси на годините во снежно бело издание

Хелен Мирен во средата носеше зимско бело на Л` Ореал Париз 14-та годишна церемонија доделување награди на жени со вредност (Women of Worth Awards) во Њујорк.
74-годишната англиска актерка на себе имаше долга снежно-бела наметка, комплет блуза и здолниште кое допираше до земја, елегантна до перфекција.
Дамата Хелен на својот беспрекорен изглед додаде ѓердан од бисери и иста таква нараквица.
Кратка платинеста коса врамена околу лицето, и црвен кармин – типично за дамата симбол на едноставност и женственост.
На црвениот тепих таа позира со Камила Кабело, Аја Наоми Кинг, Енди Мекдауел, Амбер Хард и Виола.Хелен беше прогласена за амбасадор на брендот L’Oreal во 2014 година, а брендот за убавина во септември објави дека Виола се приклучила на нивниот список амбасадори на брендот во кој се и поп-ѕвездата Камила (22) и актерката Енди (61).

Треба да знаете
Последни објави