Search

Хари: Мојот живот е спој на „Шоуто на Труман” и зоолошка градина

Принцот Хари изјави дека сака „да го прекине кругот на болка и страдање” од неговото растење и да не им го пренесува на сопствените деца.

– Не мислам дека треба да покажеме со прст и да обвинуваме некого. Но, секако, кога станува збор за родителството, ако доживеав некаква болка или страдање поради болката и страдањето што можеби го претрпеле мојот татко или моите родители, јас ќе се погрижам да го скршам тој синџир и да не го пренесам тоа натаму, рече Хари во интернет-емисијата „АРМЦ хејр експерт”.

Принцот Хари, кој сега чека ќерка со својата сопруга Меган и кој веќе е татко на нивниот син Арчи, го опиша неговиот живот како „спој од ‘Шоуто на Труман’ и изложеност во зоолошка градина”, имајќи предвид дека јавноста секогаш го следи секое негово движење и секоја постапка.

– Има многу генетска болка и страдање што се пренесува, во секој случај, така што ние како родители треба да сториме најмногу што можеме за да се обидеме да кажеме: „Знаете што? Ми се случи тоа мене, но ќе се погрижам да не ви се случи истото и вам”!, нагласи принцот.

Во врска со преселувањето на неговото семејство во САД, тој повтори дека „понекогаш мора да се решите и да го ставите семејството на прво место”, како и психичкото здравје. Зборувајќи за животот во Лос Анџелес, Калифорнија, тој вели дека сега се чувствува поинаку, затоа што може да се движи послободно.

– Јас сега можам да го ставам Арчи на задниот дел од мојот велосипед, што никогаш не би имал можност да го сторам (во Лондон), рече Хари.

Треба да знаете
Последни објави