Search

Харадинај: Могерини нанесе штета на ЕУ и Балканот

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај оцени дека високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини нанела штета на ЕУ и Балканот, наведуваат денеска приштинските медиуми.

„Могерини речиси нѐ врати во минатото. Наместо да се фокусира на признавањето на косовската независност, таа ја покрена темата за размена на територии“, изјави Харадинај, пренесе „Онаса“.

Тој наведе дека косовската влада е посветена на евроатлантските интеграции, регионална соработка и дијалог за нормализација на односите со Србија. Според зборовите на Харадинај, претстојниот состанок во Берлин за лидерите од Западен Балкан претставува најдобар начин за комуникација помеѓу земјите од регионот.

Треба да знаете
Последни објави