Search

Харадинај: Косовската армија ќе биде распоредена и на северот и на југот

Премиерот на привремените приштински институции, Рамуш Харадинај, изјави пред новинарите по усвојувањето на сетот закони за трансформација на Косовските безбедносни сили во војска, дека припадниците на армијата ќе бидат распоредени низ целата територија на Косово, на северот и југот.

Харадинај рече дека косовската војска нема да биде употребувана против својот народ.

„Тоа е војска на сите граѓани, ние секогаш ќе бидеме за мир. Војската нема да биде свртена против своите граѓани“, тврди Харадинај, пренесе „Експрес онлајн“.

Треба да знаете
Последни објави