Search

Хамилтон ја освои пол-позицијата за Големата награда на Британија

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз на денешните квалификациите за Големата награда на Велика Британија со извозен круг за 1:24.303 минута.

Втор беше неговиот партнер во германскиот тим – Валтери Ботас кој доцнеше 0.313 секунди.

Макс Верстапен од Ред Бул и Шарл Леклер од Ферари ќе тргнат од вториот ред.

Од 5-10 стартно место ќе се најдат: Ландо Норис, Ленс Строл, Карлос Сајнц, Даниел Рикардо, Естебан Окон и Себастијан Фетел.

Четвртата трка од Светскиот шампионат во Формула 1 ќе се вози утре на патеката „Силверстоун” со почеток во 15:10 часот.

Треба да знаете
Последни објави