Search

Хамилтон се надева на подобри перформанси во Азербејџан

Петкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон изјави дека ќе се обиде да ги подобри перформансите на претстојното Гран при на Азербејџан во споредба со минатите години кога имаше проблеми на патеката во Баку.

Британецот имаше среќа да победи во главниот град на Азербејџан пред една година, искористувајќи ја дупнатата гума на лидерот Валтери Ботас два круга пред крајот, а во претходните две изданија на трката заврши на петтото место.

– Тоа е одлична патека, на која имав доста проблеми во претходните години, особено минатата. Ќе биде интересно и јас сум поставен да се презентирам посилно отколку во претходните обиди. Очекувам Валтери да биде брз и особено двата болиди на ферари да бидат многу брзи, изјави Хамилтон, кој има предност од шест поени пред Ботас кај пилотите по првите три трки во Ф1.

Треба да знаете
Последни објави