Search

Хамилтон: Многу тешка трка, Ботас покажа брзина цел викенд

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, раскажа колку е тешко да се освои трката за Големата награда на Тоскана.

Сето тоа е малку поразително – како три трки во еден ден. Беше неверојатно тешко, стартот беше тежок.
Патеката е феноменална. Поради жештината и фактот што морав да го задржам Валтери Ботас, кој покажа брзина цел викенд, не беше лесно, а на почетокот на трката заостанував. Беше многу, многу тешко да се остане фокусиран со сите овие рестартирања, рече Хамилтон.

Британецот е убедлив лидер во Генералниот пласман од шампионатот во Формула 1 и на една победа до рекордот на легендарниот Михаел Шумахер кој забележа 91 победа.

Треба да знаете
Последни објави