Search

Халанд против Ливерпул го следеле 40 менаџери на клубови

Норвешкиот тинејџер, 19-годишниот фудбалски интеранционалец Ерлинг Халанд кој настапува за австрискиот Салцбург е еден од најпосакуваните играчи за големите клубови. Корпулентниот напаѓач кој со своите игри и погодоци го сврти внимението, наскор ќе се најде на крстопат да одбира каде да ја продолжи својата кариера.

На натпреварот Салцбург – Ливерпул од 6. коло во групата од Лигата на шампионите на „Ред Бул Арената“ пристигнале дури 40 застапници на клубови на лице место да се уверат во фудбалскиот потенцијал на Халанд.

Норвежанецот на овој меч не се запиша во листата на стрелците, но прикажа уште една добра партија. На фудбалската берза битката по Халанд допрва почнува.

Треба да знаете
Последни објави