Search

Фрустрираниот Мицкоски не може да се помири со успехот на Зоран Заев

СДСМ со соопштение за јавност -реагира на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ, кој го обвини премиерот Зоран Заев дека ѝ нанел межунароен срам на земјава со скандалот со руските комичари.

„Граѓаните многу добро се сеќаваат на темните 11 години за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога државата беше заробена, изолирана без никаква европска иднина. Тогаш се мислеше само на криминалите со кои ВМРО-ДПМНЕ се богатееше, а граѓаните осиромашуваа.

Од заробена држава, Северна Македонија денеска е светол пример.

Еве го успехот на Зоран Заев, неговите телефонски разговори и средби со светски државници:

Досега 20 земји челнки од вкупно 29 го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во најмоќниот безбедносен сојуз на светот НАТО.

Стануваме 30 земја членка на НАТО.

Имаме најпозитивен Извештај од ЕК и чиста препорака, до крајот на годината очекуваме почеток на преговори за членство во ЕУ .

Фрустрираниот Мицкоски е заглавен во груевистичката матрица на изолации, Зоран Заев за само 2 години ја извади држвата на вистински пат“.

Треба да знаете
Последни објави