Search

ФРОДЕМ: Заев и Мицковски со нереални, маркетингшки и дневно политички предлози

ФРОДЕМ – Фронт за демократска Македонија како дел од Коалицијата ,,НИКОГАШ СЕВЕРНА, САМО МАКЕДОНИЈА смета дека поголем дел предлозите на Зоран Заев, како оние на Мицковски упатени до Владата на Република Македонија за справување со последиците од кризата предизвикана од корона вирусот, пред се сé неиздржани и мотивирани од маркетиншки и дневно политички причини.

Во ситуација во која граѓаните едвај врзуваат крај со крај и кога најголем дел се на работ на егзистенција не е можно и воопшто не смее да се размислува, а најмалку да се предлага намалување на платите на вработените во приватниот и јавниот сектор или пак да има отпуштања од работа во овој период. Секое отпуштање од работа треба да има третман на кривично дело кое најостро ќе се санкционира. Државата, банкарите и големите бизнисмени должни сé со заеднички сили во оваа тешка ситуација да им помогнат на сопствените граѓани.

Во таа смисла ФРОДЕМ повторно побарува од овие три субјекти да изнајдат начин ургентно на секое семејство во државата да му доделат еднократна парична помош во висина од 500 евра во денарска противвредност кои средства исклучиво ке бидат наменети за егсистенцијални потреби, лекови и препарати за одржување на хигиената за време на вонредната состојба.

ФРОДЕМ апелира и до банкарите и бизнисмените да не стојат по страна и да си го гледаат само сопствениот интерес. Државата власт е должна истите да ги потсети на нивната заборавена хуманост и солидарност и на зборот алтруизам и да ги ,,замоли” финансиски активно да се вклучат во решавање на економската криза.

Далеку од здравиот разум е лидерите на политичките партии да зборуваат односно да  уценуваат дека ќе се откажат од ,,парите наменети за политичките партии, само доколку актуелните функционери би работеле про боно додека трае криза”. Затоа ФРОДЕМ и предлага на Владата воопшто да не размислува тие пари да бидат доделни на политичките партии, туку целата сума да биде пренаменета за помош на граѓаните за справување со кризата. Срамно, жално и  нечовечки е партиите да добиваат пари од граѓаните кога тие едвај егзистираат на дневна основа.

Исто така ФРОДЕМ и препорачува на Владата да не се срами и плаши во интерес на своите граѓани да побара медицинска и друга помош од државите кои тоа го можат и кои веќе го покажаа својот хуман и солидарен однос кон другите држави погодени од кризата, притоа не делејќи ги на ,,ваши, наши, нивни или туѓи”.

Треба да знаете
Последни објави