Search

(Фото) Подготвен да жртвува се поради неа – Чак Норис ја напуштил глумата за да ја негува болната сопруга

Американскиот актер Чак Норис е пример за лојален сопруг полн со љубов. Тој не само што бил покрај својата болна сопруга, туку се откажал од успешна кариера за да се грижи за неа.
Дури и Норис зборувал за тоа како животот на нивното семејство се променил буквално преку ноќ по баналната инјекција што лекарите и ја дадоа на неговата сопруга во 2013. година пред магнетна резонанца за ревматоиден артритис. Компликациите биле повеќе од сериозни: болна невралгија и проблеми со бубрезите.Норис не се двоумел ниту една секунда и не избирал меѓу грижата за својата сопруга и кариерата.
„Се откажав од филмската кариера за да се фокусирам на Џина. Сега имам само еден сон и една цел – да ја спасам својата сакана. Верувам дека ништо не е поважно, па затоа никогаш не сум жалел за одлуката “, рекол 80-годишниот актер.
Откако Џина се разболела, парот потрошил околу два милиони долари за нејзиното закрепнување.


Потсетувајќи се на грешката на лекарот, Џина вели дека нејзиното тело изгорело по првата инјекција. Била луда од болка и не можела да разбере што и се случува.
„Неколку часа по првата инјекција, имав чувство дека горам. Со секој изминат час, чувството на печење се ширеше низ целата кожа и беше вистински пекол. Болката беше таква што ме распарчи. Така започна најстрашниот период од мојот живот: пет месеци лежев потполно неподвижна и се молев на Бога само за една работа – ова страдање да заврши што е можно побрзо. Постојано размислував колку бев здрава до вчера, а сега не можам без медицински надзор, дури ни за секунда. За тоа време, тој не отиде ниту чекор подалеку од мене. Тој спиеше на каучот до моето легло, слушајќи го секој мој здив. Беше многу тешко и болно. Сè што требаше да направиме беше да се молиме, што и се сторивме. Му се молевме на Бога да ни даде само уште неколку години“…

Преземено од Екран

Треба да знаете
Последни објави