Search

(ФОТО) Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а гостите беа донесени во Ватикан од волонтери од хуманитарни групи кои секојдневно им помагаат на луѓето кои имаат потреба.

На менито за ручек во Големата сала на Ватикан имаше лазања, пилешко во сос од печурки, компири, торта, овошје и кафе. Минатата недела, беше поставена мобилна клиника на плоштадот Свети Петар каде специјализирани доброволци бесплатно ги прегледуваа сиромашните.

Прегледи на  општите лекари им се достапни во текот на целата година, што е уште една иницијатива на папата Фрањо. На денешната миса, папата рече дека оние што се во можност треба да им помогнат на сиромашните колку што можат.

Треба да знаете
Последни објави