Search

(ФОТО) Новак Ѓоковиќ отвара ресторан за бездномници во Србија

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ одлично ја почна сезоната, откако славеше на Австралијан опен, по рекорден седми пат, а со неговиот најнов потег повторно го воодушеви цел свет откако објави дека ќе отвори ресторан за бездомници во Србија.

Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека човечноста е побитна од секој успех и заработка на пари.

„Парите не ми се проблем, заработив доволно за да ја нахранам цела Србија. Мислам дека заслужуваат такво нешто, зашто секогаш ме поддржувале. Уште не знам која ќе биде точната локција, но ќе биде некаде во Србија“, вели Србинот.

На Новак голема страст му е готвењето, и кога има слободно време го троши во кујната, а доказ за тоа се и двата ресторани кој ги има отворено до сега. Првиот е ”Новак” во Белград во близина на Арена кој го отвори во 2009.

Во 2016 тој го отвори веганскиот ресторан ”Eqvita” во Монте Карло, каде што живее со семејството.

Треба да знаете
Последни објави