Search

(ФОТО) Нема што НЕ ПРОМЕНИЛ: Пластичен хирург усвоил две ќерки – почнал да ги оперира кога биле малечки!

Пластичниот хирург Мајкл Никол и неговата сопруга посвоиле две ќерки, а потоа таткото решил да ги искористи своите вештини и да ги „разубави“.
Првата ќерка почнал да ја „средува“ кога имала 10. години, откако се пожалила дека не и се допаѓа нејзиниот папок. Сега Шарм и Британи се редовни клиентки на клиниката на нивниот татко, и секоја од нив оперирала скоро сè на телото.
Сите операции биле извршени единствено од нивниот татко, за да биде сигурен дека ќе постигна најдобар можен резултат.

Никол имала операција на градите на 18-годишна возраст, додека Шарм чекала да наполни 25. години. Покрај тоа, ги оперирале носовите, образите, задникот и уште многу други нешта.
„Кога завршив средно училиште, татко ми ми рече дека имал подарок на изненадување за мене. Следниот ден отидовме да ги зголемиме моите гради“, вели Никол.


Двете велат дека пораснале во околина каде козметичката хирургија е нормална работа и каде убавината е многу важна, и не виделе никаков проблем при започнување со операции, толку рано.
И’ додека нивниот татко им ги исполнува желбите, нивната мајка, Пени, се спротивставила на овие операции.
„Мислам дека не е во ред да им се дозволи да оперираат се што не им се допаѓа на себе. Се плашам дека ќе станат зависни од операции“.
Нивниот татко вели дека не верува дека има одговорност за тоа што девојките одат под скалпел за секоја мала работа.

„Јас директно не влијаев врз нив, но факт е дека тие пораснаа во средина каде што таквите работи се сосема нормални“, вели д-р Мајкл.

Треба да знаете
Последни објави