Search

(ФОТО) Мурињо со јасна порака до фудбалерите: Се надевам дека сите се вознемирени како мене

Тотенхем загуби на гостувањето кај Антверпен во натпревар од групната фаза на Лига Европа, а менаџерот Жозе Мурињо не криеше дека е разочаран од настапот на своите фудбалери.

Белгискиот тим посебно доминираше во првиот дел, по што Мурињо на полувреме направил дури четири замени, но неговите фудбалери не успеаја ниту да израмнат до крајот.

– Да можев, ќе направев 11 замени. Му дозволивме на противникот да победи, разочаран сум од настапот на екипата, – изјави Мурињо по натпреварот.

Португалецот во последно време привлекува внимание и со својата активност на Инстаграм, па нешто подоцна објави фотографија на која со сериозен тон им порача на фудбалерите да не забораваат на утрешниот тренинг.

– Лошиот настап заслужува лош резултат. Се надевам дека сите во овој автобус се вознемирени како мене, утре тренинг во 11 часот, – порача Мурињо.

 

Треба да знаете
Последни објави