Search

(ФОТО) Интервјуто на Заев за Канал 5 со рекордна гледаност, дури пет пати поголема од гостувањето на Мицкоски на Телма

Гостувањето на премиерот Зоран Заев во емисијата „Само интервју“ кое се емитуваше во понеделникот го гледале безмалку 140.000 граѓани. Ова го покажуваат официјалните податоци од мерењата на телевизиските, односно рејтинзите за гледност на одредена програма.

За разлика од интервјуто на премиерот Заев, вчерашното гостување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го гледале помалку од 30.000 граѓани.
Ако се земе предвид просечната гледаност (шер) на емисиите во тие два дена тогаш податоците покажуваат дека интервјуто на премиерот Заев со 21.7% шер било погледано дури за 5 пати повеќе отколку интервјуто на Мицкоски со едвај 4.42%.

За претседател на опозиција тоа може да се каже дека е дебакл.
Покрај разлика во гледаноста, јавноста увиде и на очигледна разлика во настапите на двајцата политичари.

Додека премиерот Заев во интервјуто беше сталожен, подготвен и настапуваше аргументирано и со презентација на бројни податоци, Мицкоски беше видно нервозен, често се конфронтираше со водителката, не беше конзистентен во своите ставови и неколкупати одбегнуваше да дава директни одговори на јасно поставени прашања.

Треба да знаете
Последни објави