Search

(ФОТО) Зграда во Драч напукна на половина по двата земјотреса

Станбена зграда распука по должината во  Драч, откако во саботата рано попладнето Албанија беше погодена од два силни земјотреса од кои едниот беше со магнитуда од 5,8 според Рихтер.

По првичниот подземен удар, бил регистриран уште еден потрес со мангитуда околу 5.

Албанските медиуми пренесуваат дека сѐ уште преистигнуваат информации за штети и повредени.

Две лица биле повредени во Тирана, и биле пренесени во болница. Исто така биле регистрирани и големи оштетувања на објектит, при што биле евакуирарани во областа Дон Боскос на главниот град.

Земјотресот, освен во цела Албанија, е почувстуван и во Македонија, Косово и Црна Гора.

 

 

Треба да знаете
Последни објави