Search

(Фото) Заев дојде да сведочи за „27 април“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година, а како сведок е повикан премиерот Зоран Заев.

Тој дојде на судењето и се очекува наскоро да сведочи.

На претходните рочишта за упадот и насилствата во Собранието сведочеа поранешни и актуелни пратеници.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”. 

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави