Search

Фондот за Западен Балкан додели грантови за 24 проекти

Секретаријатот на Фондот за Западен Балкан во Тирана ја одржа дводневната партнерска работилница и церемонијата за доделување на грантови од 24-те победнички проекти од вториот повик на ВБФ. На настанот присуствуваа високи претставници од министерства за надворешни работи на шесте земји од Западен Балкан, претставници на дипломатските мисии, невладини организации, партнери и соработници.

Директорот на Фондот за Западен Балкан, Ѓерѓ Мура рече дека 24-те победнички проекти создаваат повеќе од 85 партнерства во целиот регион.

-Проектите создаваат над 85 партнерства во целиот регион и здружуваат над 5.000  луѓе.  Направени се конкретни активности од мисијата и ја носат нашата политичка волја за подобрување на соработката и врските меѓу луѓето, рече тој.

Според директорката за стратешки политички прашања при Министерството за Европа и надворешни работи Мимоза Халими, средбата е знак за конкретно работење и соработка во регионот.

-Перспективата на односите на добрососедство меѓу земјите од регионот мора да биде охрабрена за да се постигне долгорочна стабилност и напредок во нашиот регион, како и да се забрза нашето патување кон ЕУ, рече таа.

Словачкиот амбасадор во Албанија, Петар Списиак, во своето излагање ја истакна улогата на Фондот кон европските амбиции.

-Регионот Западен Балкан отсекогаш играл клучна улога во обликувањето на европската безбедност и стабилност. На регионот му треба политичка помош и проекти како поддршка за своите европски амбиции. Ова ќе придонесе за зајакнување на граѓанското општество во регионот и ќе ги олесни контактите меѓу луѓето, рече амбасадорот.

За извршен директорот на Институтот за општествени договори Олта Цета, гостин на настанот на ВБФ, е одлична можност за соработка во заеднички регионални проекти.

-ВБФ е одлична можност за поврзување на луѓето и отстранување на бариерите во обид за градење мостови и поврзување на луѓето меѓу себе, вели таа.

Амбасадорот на Северна Македонија во Тирана, Данчо Марковски, рече дека добрососедството е најдобриот пример за европските вредности.

-Зајакнување и подобрување на регионалната соработка е јасно барање за земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ, рече тој.

Според Сања Тошиќ (Клуб за напредување на младите) младите луѓе носат голем потенцијал на промени и регионот инвестира во таа насока.

-Нашата цел е да ги поттикне младите луѓе на различни нивоа, теми и методи. Ние како организација силно веруваме во младите, бидејќи тие се оние кои можат и ќе бидат сериозна промена во нашиот регион, вели таа.

Фондот за Западен Балкан е меѓувладина иницијатива, основана од страна на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Ова е прва регионална иницијатива со седиште во Тирана. Главната цел на проектите е промоција на заедничките вредности  меѓу граѓаните, граѓанското општество и институциите во регионот, јакнењето на соработката и контактите меѓу луѓето во Западен Балкан.

Треба да знаете
Последни објави