Search

Фетел: Кога од Ферари ми кажаа дека нема да го продолжат договорот со мене, веднаш го повикав Хелмут Марко

Пилотот во Формула 1 од тимот на Ферари, Себастијан Фетел зборуваше за одлуката со која не му е обновен договорот.

– Сè уште мислам дека имав шанса да останам во Ферари. Прво ми најавија дека сакаат да ја продолжат соработката, а потоа одеднаш ми се јавија и рекоа дека нема да има понуда за нов договор. Јас ќе продолжам да го давам максимумот до последната трка. Да бидам искрен, кога Ферари ја објави одлуката за мене, веднаш го повикав Хелмут Марко (советник на Ред Бул). Не го прашав за слободно работно место, едноставно имаме добра врска, сакав да побарам совет. Сè уште не сум донел одлука, па не знам што ќе направам понатаму, изјави Фетел.

Германецот во Ферари е од 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави