Search

Фетаи: СЈО не е безгрешно, но главната задача успешно ја завршуваме

Фетаи: СЈО не е безгрешно, но главната задача успешно ја завршуваме

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи во вечерашното гостување на 1ТВ зборуваше за падот на довербата во СЈО.

-Воспостувавањето на правна држава, тоа беше концепт кој постоеше при основањето. Тој концепт постои и денес. Имавме нагло растење на довербата и да не речам глорифицирање на трите обвинителки, уште по првата прес конференција. Потоа имавме пад во довербата и поддршка која се долшеше на разни субјективни и објективни околнисти. Сега се враќаме на едно разочарувачко чаршиско муабетење „и овие не ги бива“. Верувам дека СЈО ќе ја врати довербата. Институциите каде ние се обраќаме се уште не се на тој степен за да можеме да кажеме дека граѓаните целосно би имале верба. Морам да призанам дека СЈО како институција не е безгрешна, но она што беше главна задача за која граѓаните ни дадоа верба, јас сметам дека се уште успешно ја завршуваме. Можеби најголем дефект е што немаме правосилни пресуди, но таа околност не зависи од СЈО, вели Фетаи.

Треба да знаете
Последни објави