Search

Фетаи: Има илјадници снимки, пораки и транскрипти за случајот „Монструм“

Фетаи: Има илјадници снимки, пораки и транскрипти за случајот „Монструм“

Специјалната јавна обвинетелка Фатиме Фетаи во вечерашното гостување на 1ТВ рече дека има многу снимки и пораки за случајот „Монструм“ и иако според неа голем дел од нив не се суштински, таа сите ќе ги приложи како докази.

-Има илјадници снимки, пораки, траскрипти кои секако ќе бидат предложени како докази. Сметам дека голем дел од тие снимки и пораки нема сусштински да влијаат, сепак дури и она што јас лично сметам дека не е премногу битно, ќе го предложам како доказ за да нема сомнежи дека нешто криеме. Можам деа гарантирам дека ќе има соодветна правна квалификација за секое лице кое е инволирано во тој настан. Сепак не се работи  за едноставен предмет, апелирам до сите кои сакаат со јавноста да споделат информации и да добијат публицитет, да не си играат со чуствата на семејствата на жртвите, туку нека дојдат во обвинителството или во Суд. А, собирање лајкови на оваа тема е нечовечно, вели Фетаи.

Треба да знаете
Последни објави