Search

Фестивал на македонски современ филм во Данска

Во организација на Данскиот филмски инситут вечерва во 19 часот во Копенхаген ќе биде отворен Фестивалот на македонски современ филм.

Во селекција на филмскиот критицчар Гена Теодосиевска, данската публика во следнава недела ќе има можност да ги проследи филмовите: „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески, „Превртено“ на режисерот Игор Иванов Изи, „Три дена во септември“ во режија на Даријан Пејовски, „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски и „Амок“ на режисерот Вардан Тозија.

Овој настан е продожување на соработката меѓу ИФФК „Браќа Манаки” и Данскиот филмски институт откако пред две години во програмата „Земја во фокус” беше претставена данската современа кинематографија.

Честа да го отвори фестивалот му припадна на филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески.
На отворањето вечерва пред публиката ќе се обратат Јеспер Андерсон претставник на Данскиот филмски институт, Гена Теодосиевска, директор на фестивалот „Браќа Манаки“ и амбасадорот на Северна Македонија во Кралството Данска, Александар Новотни.

Треба да знаете
Последни објави