Search

Фергусон против идејата за европска Суперлига

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон остро се спротивстави на создавање на европска Суперлига.

Како што е познато, пред неколку дена се појавија вести дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез планирал да создаде ваков турнир.

Во него би учествувале најбогатите клубови од топ 5 од првенствата на Стариот континент, но тие ќе треба да ги напуштат своите локални првенства.

– Ги прочитав информациите за создавање Суперлига за елитните европски клубови и како тоа ќе им донесе поголеми приходи. Несомнено идејата е ориентирана кон пари, но дефинитивно нема да биде примамлива за екипите во Премиер лигата, која во моментов е најдобрата во светот. Финансиски е поддржан од Sky, BT Sport и веќе од Amazon. За мене е тешко да видам како еден англиски клуб би се согласил да го напушти шампионатот. Покрај тоа, да се биде во можност да играш во Лигата на шампионите е многу попривлечно за играчите, тренерите и навивачите, бидејќи останува најголемиот тест во клупскиот фудбал. Доста клубови со голема историја може да бидат уништени доколку нивните партнери од Премиер лигата се преселат. Силно верувам дека ова е реална проценка за вредноста на домашниот фудбал”, прокоментира Фергусон.

Треба да знаете
Последни објави