Search

Федерер казнет поради убавата судика од Србија

 

Искусниот 38-годишниот Роџер Федерер е казнет со 3.000 долари за неспортско однесување за време на четвртфиналниот меч од тенискиот гренд-слем турнир Австарлија опен во Мелбурн, кој среќно го доби против Денис Сандгрен откако се извлече и покрај седум меч топки за противникот. Швајцаерцот го опцул линискиот судија, а кога бил опомент од старна на симпатичната Маријана Вељковиќ од Србија која беше главен судија на мечот се впуштил во расправија со неа.

Запрашан од новинарите дали пцуел, дваесеткратниот победник на гренд-слем турнирите Федерер по мечот им одговори:

-Имаше мешавина од јазици. Очигледно дека таа зборува повеќе. Не го знаев тоа. Следниот пат ќе го проверам тоа кај линиските судии.

Според Светската тениска асоцијација (ИТФ), ова е втора казна што Швајцарецот ја доби на гренд слемовите. Првата беше на финалето од УС Опен во 2009 година, исто така поради вулгарен речник.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави