Search

ФБИ држи 10 Црногорци на брод со 16 тони кокаин

Агенти на американскoто Федерално истражно биро (ФБИ) го ограничиле движењето на десет црногорски граѓани што се наоѓаат на брод во Филаделфија, на кој се запленети 16 тони кокаин, по што покрај четворицата уапсени, забрана за напуштање на бродот добиле и останатите морнари од Црна Гора.

Црногорскиот портал cdm.me известува дека на некои од нив, според информациите од весникот „Дан“, им било дозволено да контактираат со семејствата. ФБИ во овој момент не ги товари за шверц на 16-те тони кокаин, но тие се испрашувани во рамки на истрагата и од нив се земени ДНК примероци, а нивниот статус ќе биде познат по вештачењето на дрогата.

Весникот „Дан“ имал увид во документ на ФБИ каде се тврди дека од членовите на екипажот најголем дел се црногорски државјани. Покрај капетанот на бродот Дарко Рогановиќ, испитувани се и четири лица од Котор и едно од Никшиќ.

Според информациите на весникот, тие се уште не се осомничени, но уапсени се четворица други морнари, тројца од Котор и еден од Будва, на возраст од 25 до 39 години. Сите тие се членови на екипажот на бродот MSC Gajan, во сопственост на швајцарска компанија, каде беа пронајдени десетици пакети со кокаин.

Треба да знаете
Последни објави