Search

Фајнл фор: ЦСКА втор финалист, се врати од -14 со Реал

Кошаркарите на ЦСКА Москва со победата против актуелниот шампион од 95:90 се пласираа во неделното финале на Евролигата каде ги очекува Ефес. Московјани успеаја да надополнат негатива од 14 поени, па в недела ќе играат против Ефес за титулата. Во турското дерби, кое беше прво на програмата во Виторија, Ефес беше подобар против Фенербахче.

Кошаркарите на ЦСКА Москва со трпелива игра успеаја да ја надополнат негативата од дури 14 поени во третата четвртина и во финишот од натпреварот благодарение на Нандо де Коло, кој даде 23 коша успеаја да направат целосен пресврт и да дојдат до победата. Во рускиот тим се истакна и Серхио Родригез со 23 постигнати поени,додека кај Реал Мадрид, Фабијан Козер даде 18 поени, а Серхио Љуљ уфрли 13 поени.
Рускиот тим во последните 17 сезони на Евролигата, дури 16. пати играа на завршниот фајнал фор турнир, но само три пати ја освоија титулата, но сезонава триумфираа во сите три пресметки со Реал Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави