Search

Ученици се дружеа со писатели за деца и млади на традиционалното Литературно матине

Во рамките на јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019″ во Домот на култура „Илинден” во Општина Илинден  се одржа традиционалното Литературно матине за деца. Учениците од оваа општина имаа ретка можност да се дружат со најистакнатите македонски писатели за деца и млади.

Во Домот на култура „Илинден” пред најмладите со своите најнови творби се претставија писателите Стојан Тарапуза, Александар Поповски, Горјан Петрески, Перо Миленковски, Наум Попески, Мито Спасевски, Славка Арсова, Ванчо Полазаревски, Васко Мукаетов, Ксенија Маказиева Трајчева и Александар Кујунџиски.

– И годинава во рамките на Литературното матине за деца беа наградени најдобрите творби на учениците коишто учествуваа на конкурсот што го организираше Општина Илинден, по повод Литературната манифестација „Илинден”. Според претседателот на жири комисијата којашто ги избра најдобрите песни создадени од учениците, Перо Миленковски, и оваа година членовите на комисијата биле исправени пред слатки маки да изберат по само три најдобри творби од секое училиште, на чии автори, како и на нивните ментори, посебни награди и признанија им додели градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, соопштуваат од општинската прес-служба.

Признанија за особен придонес во развојот на културата и културните вредности, градоначалникот им додели и на писателите за деца и млади кои учествуваа на Литературното матине за деца.

Треба да знаете
Последни објави