Search

Утре дебата на ЦО на СДСМ за кадровски промени – пораката е примена од граѓаните

Утре дебата на ЦО на СДСМ за кадровски промени – пораката е примена од граѓаните

За во утре е најавен Централен одбор на СДСМ, каде што ќе бидат донесени одлуки, најави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

– Согласно одлуката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, разрешени се 78 претседатели на oпштинските огранизации на СДСМ, односно сите претседатели на општинските организации на партијата.

СДСМ се заблагодарува на сите досегашни претседатели за нивниот досегашен ангажман на локално ниво, како претставници на најголемата владејачка партија. Оваа одлука води единствено кон поправање, коригирање на слабите резултати во општините каде добивме јасен сигнал од граѓаните, и се разбира кон продолжување на добрата работа во општините каде граѓаните се задоволни. – рече Костадинов на денешниот прес.

Затоа, ги охрабруваме оние претседатели на општинските организации каде што беше забележана победа на изборите, повторно да се кандидираат на новиот конкурс што ќе биде објавен во текот на идната недела.

Промените кои носат подобар живот за граѓаните продолжуваат, следуваат нови чекори. Ја известуваме јавноста дека во недела, во 18.00 часот ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ, а за донесените одлуки јавноста навремено ќе биде информирана.

Пораката од граѓаните ја примивме со сериозност и постапуваме соодветно, темелно и навремено. Пред нас е предизвикот да научиме од сопствените слабости и да станеме уште подобри. Тоа е вредноста на новото време во нашето заедничко општество. Граѓаните реагираат, власта се поправа и служи уште подобро.

Убедени сме и ве уверуваме, дека во периодот што претстои ќе продолжиме уште попосветено да работиме на креирање мерки и политики што се во интерес на државата и сите нејзини граѓани, велат од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави