Search

Украинка украла 2 милиони евра од 19 сефа во две македонски банки

Четворица украинци, молдавец, казахтанец и државјанин на САД извршиле 19 тешки кражби од граѓански сефови во филијали на Шпаркасе банка и на Централна кооперативна банка во Скопје, со што се стекнале 105.638.858 денари во пари, накит и други вредни предмети, информира Јавното Обвинителство.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против седуммината за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело тешка кражба од член 236 и кривичното дело злосторничко здружување од член 394/

Станува збор за меѓународна криминална група составена од четворица украински државјани и по еден државјанин на Молдавија, Казахстан и на САД. Осомничените во Република Македонија извршиле 19 тешки кражби од граѓански сефови во филијали на Шпаркасе банка и на Централна кооперативна банка во Скопје. Притоа се стекнале со противправна имотна корист од 105.638.858 денари во пари, накит и други вредни предмети.

Во периодот од јули до ноември 2017 година, осомничените извршиле закуп на граѓански сефови во различни банки на различни места во Скопје со цел да ги проценат околностите и системот на безбедност во банките. Притоа користеле лажни идентитети и во одреден период секојдневно ги посетувале филијалите во кои имале закупени сефови. Искористувајќи момент без присуство на службено лице, со специјални уреди ја снимале внатрешноста на бравите на сефовите и потоа изработувале клучеви – калаузи за нивно отворање. Одземените вредни предмети од сефовите биле изнесени од Република Македонија, поединечно од секој член на групата, на различни гранични премини и во различни временски периоди. Оваа криминална група на истиот начин извршила тешки кражби и во други земји.

До овој момент, еден од осомничените е лишен од слобода во Латвија, додека двајца во Таџикистан. Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, преку меѓународна правна помош испрати барање за прибирање податоци и доказен материјал до надлежните институции во овие земји.

Според МВР,  истрагата траела речиси четири месеци, односно од 24.07. до 17.11.2017 година, пријавените кои биле дел од меѓународна организирана криминална група што вршела криминални акции и во други делови од светот, извршиле кривични дела тешка кражба.

Пријавените закупиле сефови во банките и потоа, во текот на четирите месеци, односно до 17.11.2017 година првопријавената О.П.Д. која користела лажен идентитет и второпријавениот А.М. вршеле секојдневни посети на граѓанските сефови во Шпаркасе Банка, додека пак заедно со третопријавениот В.Ш. во Централна Кооперативна Банка. Во наведениот период пријавените лица вршеле снимање на внатрешноста на бравите на граѓанските сефови и изготвените видео-снимки ги носеле кај четвртопријавениот В.Б., кој ги изработувал клучевите-калаузи што подоцна се употребени при извршувањето на кривичните дела.

На 17 ноември 2017 година третопријавениот В.Ш. отишол во просториите на Централна Кооперативна Банка на улица “Даме Груев“ и со помош на претходно изработените клучеви-калаузи отворил три сефа од каде одзел накит и пари.. Истовремено, О.П.Д. заедно со А.М. отишле на ул.Македонија во Шпаркасе банка и со помош на претходно изработените клучеви-калаузи отвориле 16 сефа и од нив одзеле поголема количина на златен накит, пари, часовници и др..

По добиената пријава дека недостасуваат пари и накит од сефовите,во соработка со Европол и Интерпол преземени се оперативни мерки за расчистување на случајот и утврдени се идентитетите на сторителите.

 

Треба да знаете
Последни објави