Search

Убавата Словенка ја залуди Америка, но овој пат тоа не е Меланија Трамп

Деветнаесетгодишниот Лука Дончиќ е еден од најперспективните кошаркари од овие простори. Овој Словенец во моментов игра во „Далас Маверикс“, кошаркарскиот талент го наследил од неговиот татко Саша Дончиќ, а за добриот изглед може да им се заблагодари на гените на својата мајка, 42-годишната фризерка Мирјам Потербин.

Инаку, баба му и дедо му од таткова страна се од Косово, во потрага по подобар живот дошле во Словенија, каде што е роден Саша Дончиќ и години подоцна ја запозна убавата Мирјам од Љубљана. Двојката се венча во 1999 година, истата година кога е роден и Лука, а во брак беа до 2008 година.

Саша Дончиќ сега има друга животна партнерка, Николина Драгичевиќ, со која има ќерка, а Мирјам Потербин одлучи животот да го подреди на својот син. Откако поради него се пресели во Шпанија каде што тој играше за Реал Мадрид, Мирјам сега одлучи да оди чекор понатаму, па отиде по синот во Америка, каде што, во голема мера поради својот изглед, стана хит.Миријам Потербин е активна на својот инстаграм-профил, а освен фотографии на кои е самата таа, постојат многу на кои позира со својот син. За својот изглед добива многу комплименти, а соиграчите на Дончиќ му завидуваат што има толку убава и млада мајка.

Треба да знаете
Последни објави