Search

„Тутоспорт”: Алегри го напушта Јувентус, Дешан го менува

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри донел одлука да го напушти италијанскиот шампион по крајот на сезоната. Стратегот ќе биде заменет од францускиот селектор, Дидие Дешан.

Информацијата е потврдена од страна на поранешниот спортски директор на Наполи, Удинезе и Аталанта – Пиерпаоло Марино, кој изјави за торинското издание „Тутоспорт” дека има информации за сериозни промени во Јуве.

– Алегри нема да остане во Јувентус, но одлуката за тоа е целосно негова. Раководството веќе одлучило Дешан да го замени Алегри, прокоментира Марино.

Ова ќе биде враќање во Дешан во Јувентус. Стручњакот беше фудбалер на „Старата Дама”, а потоа и тренер на тимот по Калчополи во сезоната 2006/07

Треба да знаете
Последни објави