Search

Турци направиле хаос во Австрија: Имале свадба со 700 гости, најмалку 40 имат корона

Во австриската општина Шремс една турска свадба направила кластер на корона, чии точни димензии се уште не се познати. Од самиот почеток организаторите на свадбата не биле чесни кон општинските власти.

На општината и е пријавена прослава со 350 луѓе, но ги имало многу повеќе, истакнуваат од Санитетскиот штаб на Долна Австрија. Засега регистрирани се 43 заболени од оваа свадба, а не се исклучува дека бројот значително ќе се зголеми. Имено, се претпоставува дека на свадбата имало 700 гости.

Претседателот на општината Стефан Груш го обвинил семејството поради непочитување на мерките.

-Немаше целосен список на гости. Една недела не лажеа, ги критикувал тој, додавајќи дека тоа го забавило трасирањето на контактите.

Поради таквото однесување на брачниот пар му се заканува пријава.

Треба да знаете
Последни објави