Search

Турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор

Турски воени авиони Ф-16, во три наврати во периодот меѓу 10,02 и 10,48 часот по локално време, без претходно да достават план за летање, го нарушиле грчкиот воздушен простор, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Турските воени авиони прелетале над островите Левита, Панаја и Инусес, а биле препознати и пресретнати од грчки воени авиони.

Според АНА-МПА, островот Левита е дел од мрежата Натура 2000 и е еден од најважните грчки региони за заштита на птиците.

Треба да знаете
Последни објави