Search

Тројца повредени во судар меѓу комбе и автобус

Сопатник бил тешко повреден, а двајца сопатници полесно во сообраќајна несерќа меѓу комбе и автобус, вчера во близина на Кратово.

Според полицијата, сообраќајната нереќа се случила во 9.15 часот, во селото  Кетеново. Комбе „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(40) од Скопје се судрил со автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(25) од Скопје.

Во сообраќајката со тешки повреди се здобил Љ.И.(57) од  Скопје, сопатник во „доблото“  а сопатниците Д.К.(83) и Г.Ј.(24), двајцата од Скопје, биле полесно повредени.

Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата „Св.Наум“ каде им била укажана лекарска помош.

Увид извршила увидна екипа од ПС Кратово.

Треба да знаете
Последни објави