Search

Тројца загинати кога олдтајмер влета во пешаци во Куба

Три лица загинаа, а најмалку 20 се повредени кога автомобил олдтајмер излета од познатиот булевар Малекон во Хавана и влета во пешаци, соопштија кубанските власти.

Како што пренесуваат локалните медиуми, двајца од повредените се странци, но не е објавено од која националност.

Се наведува дека меѓу загинатите е и новинарот Улисес Каналес од кубанската агенција Пренса латина.

Властите ги истражуваат причините за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави