Search

Три лица повредени во сообраќајка во тетовско

На 16.10.2021 во 14.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Тетово-Волковија со локален пат за с.Челопек се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат леон“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(29) од с.Мала Речица и патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(43) од с.Радиовце, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“ А.Б.(41) од с.Радиовце, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави