Search

Три години им требаше на СДСМ за да исплатат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагира на соопштението на СДСМ за грижата која Владата ја води за земјоделците.

„СДСМ со праќање на вакви празни соопштенија само продолжува да ја потценува маката и трудот на земјоделците. СДСМ и Зоран Заев се вистинска катастрофа во земјоделието.

Скоро три години им требаше на СДСМ за да исплатат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка.

Колку години ќе им треба на СДСМ и Зоран Заев за да разберат дека треба да ги решаваат проблемите на земјоделците, а не да се фалат со ваква популистичка работа?

За тоа колку е катастрофа во земјоделието говори и фактот дека земјоделците се соочуваат со ниски откупни цени, влошен пласман, намалени субвенции и тотална негрижа.

Власта на СДСМ  е научена само да ги потценува и омаловажува граѓаните.

СДСМ најдобро што може да сработи е да спроведат некој криминален тендер со милионски суми на провизии, рекетирање на бизнисмени, закани и уцени.

Затоа потребно е оваа криминална банда веднаш да си замине. За доброто на граѓаните и државата потребно е итно распуштање на парламентот и распишување на предвремени парламентарни избори.“

Треба да знаете
Последни објави