Search

Трамп сокри, ама Пентагон откри дека има повредени американски војници

Единаесет американски војници се повредени во ракетниот напад од страна на иранската војска врз ирачката база Ал Асад, соопшти портпаролот на Централната команда во Пентагон, капетанот Бил Урбан.

Притоа тој го негира тврдењето на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека во нападот нема повредени војници и дека е направена само мала материјална штета.

Урбан изјави дека во деновите по ракетниот напад, како мерка на претпазливост осум војници биле пренесени во еден медицински центар во Германија, а тројца биле пренесени во болница во Кувајт.

Тој не откри какви се повредите.

Треба да знаете
Последни објави