Search

Трамп: Европските земји да ги преземат своите заробеници од ИД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги предупреди Франција и Германија, како и другите европски држави, дека, доколку не ги преземат своите државјани кои како борци на Исламска држава биле заробени од Американците и нијзините сојузници, САД ќе бидат присилени да ги вратат во земјите од кои дошле.

САД и нејзините сојузници, кажа Трамп, во заробеништво држат „илјадници” борци на Исламска држава откако ја присилија оваа терористичка организација да ги предаде своите последни упоришта во Сирија, но и додаде дека нема да ги држи во американската база Гвантанамо на Куба, „во следните 50 години и тоа да го плаќа”.

Затоа, јасно порача Трамп, европските земји ќе треба да ги преземат своите државјани кои се заробени како поранешни борци на ИД, наведуваат американските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави