Search

Трамп: До крајот на годината ќе има 100 милиони вакцина против Ковид-19

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најмалку 100 милиони дози вакцина против новиот коронавирус би можеле да бидат дистрибуирани во САД до крајот на годината.

– Откако Агенцијата за лекови ја одобри вакцината… ќе можеме да дистрибуираме 100 милиони дози до крајот на 2020 година и значителен број многу пред тоа, посочи Трамп.

Претходно, директорот на Центарот за конторла и превенција на болести Роберт Редфилд изјави дека вакцината против Ковид-19 би можела да се најде во широка употреба до средината на следната година или малку подоцна.

Треба да знаете
Последни објави